364
МВР информира дека од 20.00 часот (19.04.2021) до 05.00 часот (20.04.2021) констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (19/20.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 412 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.