Казни за 71 возач кои не пропуштиле пешаци на пешачки

од Берта Китинска
280 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.