242
Интер и Јувентус се казнети со по 10.000 евра за судир меѓу навивачите на двата тима за време на натпреварот од 23. коло на италијанската Серија А.
„Нероаѕурите“ го добија дербито со 1-0 и водат во поредокот со 57 бода, четири повеќе од „бјанконерите“.
Претходно беше објавено дека по натпреварот во близина на стадионот „Сан Сиро“, навивачите на Интер ја нападнале полицијата, при што бил оштетен еден од полициските автомобили.
Навивачите фрлаа факели и врз автобус на навивачи на Јувентус. Поради тоа, италијанската полиција приведе околу 50 навивачи на Интер.