Кејт и Вилијам се почесто се појавуваат одделно во јавноста, откриено зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Вилијам вчера се појави на доделувањето на наградите Tusk Conservation во близина на Лондон во палатата Хемптон Корт, без неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Станува збор за настан кој ја поддржува заштитата на дивите животни во Африка, а кој вечерва ги прослави сите досегашни успеси на ова поле

„Овие награди, кои ми значат, играат огромна улога во нашата мисија да ја зачуваме драгоцената дивина на Африка за нејзиниот народ“, изјави принцот од Велс пред церемонијата на која е покровител од 2005 година.

Неговата сопруга Кејт Мидлтон не се појави со него, а претходно речиси секогаш го придружуваше, а само во 2013 и 2018 година не беше покрај својот сопруг.

Мајката на три деца ќе му се придружи на Вилијам на посетата на Скарборо во четврток, а самата ќе присуствува на четвртфиналето на Светското првенство во рагби во сабота, како дел од нејзиното спонзорство во Рагби фудбалската лига, кое го наследи на почетокот на оваа година.

Принцезата и принцот од Велс и претходно имаа посебни официјални ангажмани, а по смртта на Елизабета Втора (8 септември, Балморал) уште почесто се појавуваат одделно во јавноста, исклучиво за работа.

Слични содржини