270
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска не прецизираше дали ќе остане министер во новата Влада.
Тој во изјавата за медиумите посочи дека најважно е за земјава интегрирањето во ЕУ.
–Најважно е дека правецот на државата останува, а тоа е интегрирањето во ЕУ. Се останато е прашање на идниот мандатар, кој со својот тим ќе донесе одлука да продолжи да ги движи овие важни процеси напред, рече Бочварски.