Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поради кризата очекува, вели дека ќе имаме сложена есен и тешка зима со многу немири.
– Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а сѐ потешко се живее. Ценам дека периодот што следи навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова. Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири, истакна Мицкоски.