„Ќе ги поместам земјата и небото за да го најдам мојот брат“

од Vladimir Zorba
874 прегледи

Братот на Мартин Јовановски (31), кој исчезна пред шест дена кога заедно со двајца негови другари го однесоа морските струи на плажата во Посиди на Халкидики, утре наутро од Америка ќе дојде во Грција.

Горан Јовановски во петок наутро со авион од САД ќе пристигне на аеродромот „Македонија“, каде што ќе го земе првиот човек на ОФКАТ Кристос Рамос, а оттаму ќе замине за Халкидики.

Рамос изјавил дека братот на Мартин побарал од нив да се подготват за голема операција бидејќи тој ќе направи се што е потребно за да го лоцира неговиот брат.

– Неговиот брат ми рече дека ќе ги помести земјата и небото за да го најде својот брат, ќе мобилизира се што е потребно. Ни рече да бидеме спремни на се, а можеби повторно ќе го крене авионот – ги пренесе Рамос за грчките медиуми зборовите на братот на исчезнатиот млад човек.

Како што истакна Рамос, Горан рекол дека „ќе направи се и по секоја цена да го најде својот брат“.

Горан вчера објави и фотографија од неговиот брат, која е направена на плажа во Грција пред да исчезне во морето.

Рамос зборуваше и за тоа како се чувствува мајката на Мартин, која пред неколку дена дојде во Грција.

-Се надеваме дека доаѓањето на нејзиниот втор син ќе успее малку да ја смири. Таа е жена која е сама во село и не го ни зборува локалниот јазик. Дури и некои нејзини роднини кои дојдоа од Македонија си заминаа и таа е сосема сама, само со нас – изјави првиот човек на организацијата на спасувачи волонтери.

Пријателот на Мартин, Иван, кој беше спасен по повеќе од 20 часа во вода, веќе апелираше за финансиска помош откако отвори сметка за донации за поддршка на потрагата по 31-годишниот Мартин.

Слични содржини