Синдикатот на УКИМ денеска ќе се одржи средба во Владата на која треба да се разговара за барањата од Синдикатот.
– Синдикатот на УКИМ очекува од Владата да ги прифати нашите барања за надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, за обезбедување на достоинствен живот на наставниот и ненаставниот кадар и развој на високото образование и науката, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на синдикатот Ангел Ристов.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека очекува отворени разговори со Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во однос на зголемувањето на платите на професорите.
– Треба да се цени и вреднува работата на професорите и јас доаѓам од академската заедница со тоа што мора да ги имаме предвид условите во коишто работи економијата во овие кризни услови, рече премиерот.