На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за можна промена во периодот на важење на сертификатите после прележан Ковид-19. Според портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, таа е една од точките за која ќе се расправа денеска.
– Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Тој најави дека ќе се дискутира и за пресметката на големиот број починати од коронавирус во земјава.
-Ќе дискутираме за морталитетот за да се знае колку од починатите се со две дози, колку не примиле бустер, колку време поминало после вакцинирањето, дали имаат одредени коморбидитети, појасни д-р Мехмедовиќ.
На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од ковид центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.