Ќе има ли ВАР во Лигата на шампионите? Еве го одговорот на УЕФА!

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Системот за видеоповторувања во корист на судиите (ВАР) нема да биде употребена во натпреварите од Лигата на шампионите во следната сезона, соопшти пред новинарите претседателот на УЕФА Александар Чеферин.

„Знам дека ќе има седница на Меѓународниот борд за правилата на играта (ИФАБ). И не мислам дека тие ќе решат да го користиме системот за видеоповторувања во Лигата на Шампионите. Сигурно овој систем нема да биде користен од нас во следната сезона“, рече Чеферин.

„Не сум против предметниот систем, но прво треба да спроведеме кампања и да им појасниме на сите како таа работи, на прво место на приврзаниците на фудбалот. Одлична можност е да се направи оваа кампања за време на Светското првенство во Русија ова лето. Системот би можел да стане добар проект, но не треба да се брза“, додаде словенечкиот лидер на европскиот фудбал.

Во 2016 година, ИФАБ одобри привремено тестирање на системот со помош на арбитри, кои се на маса до теренот. Тој беше воведен како пилот проект во некои првенства кои не се меѓу водечките- пример италијанската Серија Б. Потоа беше тестиран за време на Светското клубско првенство и на Купот на конфедерациите. Некои од водечките лиги во Европа пак сезона подоцна исто одлучија да се обидат со овој начин за решавање на спорни ситуации. Сериозни проблеми моментално има во германската Бундеслига кога го користите овој систем.

Слични содржини