Ќе има скрининг во училиштата, децата често се и асимптоматски преносители, вели Филипче

од Берта Китинска
188 прегледи

Комисијата за имунизација донесе препорака да се врши вакцинација и со трета доза, за одредени групи на граѓани, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Се препорачува трета доза на вакцина кај граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и трета доза кај пацинети кои имаат имуно компромитирана состојба. Третата доза на вакцина треба да биде од Фајзер, а ќе пратиме понатаму дали ќе има други препораки, односно други производители, рече Филипче.

Тој напомена дека потребно е најмалку шест месеци да се поминати  од втората доза за да се добие трета доза.

Министерот рече дека во следните денови ќе има и скрининг во основни и средни училишта.

-Сакаме скрининг на состојбата, бидејќи децата се често и асимптоматски преносители. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите и така натаму, рече Филипче.

Слични содржини