Ние сме единствената влада во регионот која превзема мерки и ги замрзна цените на некои производи.Ако предвидиме дека ќе има ценовни шокови, тогаш ќе интервенираме во рамките на нашите надлежности, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.
Министерот вели дека може да се субвенционираат производителите за да има пониски цени, што се однесува до домашните производи, а за увозните може да се ограничат цените со лимитирање на маржата.
– Согласно механизмите, за да се донесат такви мерки и во делот на домашното производство, секако дека директно можеме да влијаеме во делот на цената. Но, дали домашното производство може да ги покрива потребите на нашите граѓани за одредени производи.Ако тоа не може да се исполни тогаш секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените при производи кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз, а секако и во делот на голема и на мала трговија можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големи или слично, објасни Бектеши.