217
Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно ќе биде година на економски бум ако во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој вели дека тековната 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза.