Државниот завод за статистика по третпат ќе го продолжува конкурсот за попишувачи. Според заменик-директорот, Иљми Селами недостигот на попишувачи може да претставува ризик за целиот процес, но уверува дека сѐ ќе биде подготвено за пребројувањето кое треба да стартува на 5-ти септември.
-Теоретски можеме да кажеме дека може го загрози, бидејќи не можете да спроведете попис без луѓе на терен. Пописот е практична работа која се спроведува на терен со одредени луѓе. Меѓутоа, сега за сега не можеме да зборуваме за одлагање на пописот поради ова, бидејќи зборуваме за недостиг на попишувачи, односно одреден број кој остана да се пополни, рече Селами.
На конкурсот до сега се пријавиле 4.300 попишувачи а за да се спроведе успешен попис потребни се околу 5 600 попишувачи. Заменик директорот, тврди пописот може да се спроведе и со оваа бројка на попишувачи. Тој потенцира дека сепак согласно планот на ДЗС, потребни се уште 700 попишувачи, за процесот да биде поефикасен. Попишувачите ќе работат 25 дена, за што соодветно ќе бидат платени.
-Надоместокот е солиден, спомнав еднаш и ќе повторам станува збор за над 500 евра и толку колку што ќе работат. Можат да стигнат и до 600 евра. Значи, зависно од нивната работа која ќе ја завршат на терен, толкав надоместок ќе земат. Обично студентите имаат потреба од финансии и еве ова е добра прилика. За ние ова е лесна работа“, рече Селами.