Универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој со математички пресметки го објаснува пикот на пандемијата и ситуацијата со коронавирус, информира дека не знаеме колкаво ќе биде влијание на новиот потсој BA.2 на омикрон, чија преносливост е поголема од преносливоста на актуелниот потсој BA.1, но тоа може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, а не и до враќање на епидемијата на почеток.
-Забележуваме дека во болниците има голем број на хоспитализирани (сината линија), што значи допрва ќе ги гледаме резултатите од безгрижното заразување во јануари.
На четвртиот дијаграм гледаме дека дневниот морталитет (подвижната средина, портокаловата линија) сé уште извишува и се приближува до нивото од претходните бранови. Нема да го достигне нивото на априлскиот бран на алфа сојот, но веќе станува споредлив со врвовите на брановите од вуханскиот и Делта сојот, објаснува професорот, објавувајќи неколку дијаграми врз кои ги појаснува своите пресметки.
Тој информира дека вкупниот број на жртви ќе биде помал отколку во претходните бранови.