Ќе ја обедини ли ВМРО-ДПМНЕ опозицијата?

од desk4
182 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ  изминатите два три дена интензивно почна да ги повикува  помалите опозициска партии на обединување.  Партијата најавува опозициски фронт против владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, Беса. По повикот за обединување на  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и потпретседателот на опозицискта партија Александар Николовски, го стори истото. Ги повика опозициските партии да се обединат, како што рече, околу еден концепт на борба против организираниот криминал и корупција и промена на оваа корумпирана и неспособна власт.
-Затоа потребно е сите гласови да се на едно место. Да не заборавиме дека ова се мнозински избори, дека ова се избори кои со еден глас, плус или минус се добива или се губи градоначалник и затоа е потребно сите гласови да се на едно место. Сто гласови за помала политичка партија можат да значат шанса за Зоран Заев. Затоа гласот за здружената опозиција, гласот за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе ја предводи здружената опозиција е глас за рушење на оваа влада. Гласот за помалите политички партии кои што би останале надвор од здружената опозиција е всушност глас за Зоран Заев, рече Николовски.
Според НИколовкси прородно е опозициските партии да имаат различни ставови за многу прашања, и тоа не било спорно се додека имаат заедничка цел да ја срушат власта.
– Во тој дел потребно е да се обединиме со сите политички партии од опозицијата кои припаѓаат условно кажано и на македонскиот и на албанскиот кампус, на помалите етнички заедници, на Турците, Србите, Ромите, на Власите, на сите кои што сакаат да ни помогнат во оваа мисија, рече Николовски за К5 ТВ.
И партискиот лидер Христијан Мицкоски ги повика политичките партии од опозицискиот блок да се обединат во една коалиција која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека преговорите со Алијансата за Албанците и Алтернатива биле при крај. Ваквата информација ја потврди и генералниот секретар на Алијанста за Албанциате, Арбен Таравари. Најави дека за Скопје поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ нема договор, но дека ќе поддржат кандидат кој нема негативен бекграунд.
Од СДСМ пак, велат дека на претстојните локални избори граѓаните повторно ќе ги победат деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачаат нов пораз, седми по ред.