„Ќе маршираат 48 часа со 45 килограми опрема“: Рама објави фотографија од заедничка вежба на албанската војска и КБС

од Берта Китинска
184 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама покажа како припадниците на вооружените сили на Албанија и на косовските безбедносни сили се подготвуваат заедно за вежбата за марш. За неа Рама наведува дека тоа е најтешката вежба на светот. Рама на Фејсбук напиша дека на ова натпреварување ќе учествуваат 160 екипи од 30 земји.

– Моменти од подготовката на елитните трупи на вооружените сили на Албанија и на Косовските безбедносни сили за најтешката марширана вежба во светот, Камбриската патрола, каде двете албански војски ќе се натпреваруваат на планините во Велс, во Обединетото Кралство, меѓу 160 екипи од 30 земји во светот ќе маршираат 48 часа со 45 килограми опрема на многу стрмен терен – напиша Рама.

Слични содржини