Ќе можат да се легализираат дивоградбите на Попова Шапка и Маврово

од Nikola Popovski
338 прегледи

Дивоградбите на Попова Шапка, Маврово и Матка ќе можат да станат легални со новото законско решение за легализација на дивоградбите кое владата го испрати до пратениците. Според министерот за животна средина, Насер Нуредини, тие кои се наоѓаат во зона за одржливо користење и заштитениот појас на подрачјето може да се легализираат.

-Нормално дека Попова Шапка е во заштитениот појас бидејќи ние имаме студии со кои ќе се развие Попова Шапка да биде еден ски-центар и да имаме добра инфраструктура таму за туризмот. Тоа е на општина Тетово и тие треба да информираат колку дивоградби има таму и тие ќе можат да се легализираат, рече Нуредини.

Нема да може да се легализираат дивогрдабите во строго заштитените подрачја, каде има природни резервораи, национални паркови,  градското јадно на Охрид, заштитени подрачја на државни и локални патишта, гранични премини, археолошки локалитети. Изземени од легализација се и станбени згради, базени, гаражи. Новина во законот е што ќе ги опфати сите дивогрдаби изградени до 1 јануари годинава, а цената која ќе се плата е скалеста.

Нова можност за легализација ќе добијат дивоградби кои се изградени до 1 јануари годинава. Еден барател ќе може да легализира 1 објект, како доказ наместо нотарска изјава сега ќе треба да достави сметки за платени режиски трошоци. Нема да може да се легализираат базени, гаражи,времени објекти, помошни простории, згради, надградби и доградби на згради  и објекти чие земјиште е под хипотека.

Слични содржини