102
Кошаркарската легенда и освојувачот на „Оскар“ – Коби Брајант може да ја изгуби наградата што ја освои за најдобар анимиран краток филм.
Во моментов оди петиција на Академијата за кинематографски науки и уметности, која веќе надмина 16 илјади потписи и сака одземање на наградата. Причината е дека во 2003 година кошаркарот бил обвинет за силување.
„Оскарите не треба да бидат давани на сексуални и друг вид насилници. Не може Вуди Ален и Џејмс Франко да бидат лишени од награда, а Коби Брајант – не“, коментираат креаторите на петицијата.