„Ќе ни биде тешко да одбиеме доколку Јунајтед понуди 100 милиони за Осимен“

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети по ремито 0-0 со Фиорентина изјави дека клубот тешко би одбил евентуална понуда од 100 милиони евра на Манчестер Јунајтед за Виктор Осимен.

„Немам време да размислувам за шпекулациите дека го земаме Роналдо и го продаваме Осимен, имаме натпревари на неколку дена. Клубот размислува за овие работи. Но, ако некој клуб ви понуди 100 милиони евра, не е лесно да кажете „не“. Откако пристигнав овде, сите играчи можат да бидат продадени со добра понуда“, изјави Спалети по натпреварот.

Слични содржини