Ќе почнат ли Кина и САД Трета светска војна?

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Белата куќа активно се меша во регионалниот спор за Параселските Острови и гребени на архипелагот Спратли. Во реонот се крстосуваат интересите на најголемите светски држави кои се воздржуваат од директно соочување заканата од нуклеарна војна.

Таму се насобрале толку многу контроверзии дека ситуацијата, според експертите, станува експлозивна. На семинар во Сингапур шефот на Пентагон Џејми Метис јавно изјави дека не ја исклучува конфронтација со Кина. Алармантна прогноза за ситуацијата во Јужното Кинеско Море (ЈУКМ) направи и високиот претседателски советник Стивен Бенон. Во интервју за Гардиан тој предвиде транзиција од конфронтација кон топла фаза во текот на наредните 10 година

Засега НР Кина и САД се ограничуваат со психолошки притисок, но сепак секој непредвиден детал може да доведе до воружен судир. За спречување на повремени судири Пекинг и Вашингтон дури беа принудени во 2015 година да одржат заеднички вежби, за време на кои е изработен посебен кодекс на однесување на воените вежби од двете страни во реонот ЈУКМ.

Во 2014 година НР Кина официјално објави свои претензии на островите Спратли и за пребарување на нафта во околината архипелагот. Истовремено со тоа испрати во контроверзниот регион свои воени бродови.

Во април 2015 година Пекинг почна да гради вештачки острови во архипелагот, во мај НР Кина ја објави својата нова воена стратегија. Во неа им беше дадена посебна улогана МВС и заштитата на државните интереси на отворено море. Во мај 2017 година Пекинг распореди на контроверзниот гребен Јуншудао ракетни системи. Возвратна реакција на Вашингтон следуваше веднаш: само по неколку дена американскиот уништувач Dewey се приближи до Спратли, без да ја извести кинеската страна.

Оваа исклучително внимание на двете земји кон ЈУКМ не е случајно: Прво, во морето поминуваат бродски правци по кои се транспортираат енергенси од Блискиот Исток за САД и земјите во азиско-пацифичкиот регион. САД во ЈУКМ поминуваат енергенси во вредност од 1,2 трилиони долари.

Во 2016 година Меѓународниот суд во Хаг и забрани на Кина да развива наоѓалишта во неколку реони на акваторија, но Пекинг ја игнорира одлуката.
Параселски Острови и островите Спратли имаат и сериозно военностратегическо значење – военото присуство таму овозможува да се контролира од воздухот голем дел од ЈУКМ. Сето ова им дава на експертите причина да сметаат дека не треба да се исклучува кинеско-американското спротовставувања и тиа да премине во топла фаза и дека зборовите на Стив Бенон за престојна војна не се претерување.

Премногу сериозни противречности се насобрале во светската економија, дури подлабоки од противречностите, постоеле во пресрет на Втората светска војна. На двете различни политички стратегии е тешко да постојат во едно економско поле. Главен воздржувачки фактор е нуклеарното оружје.