Ќе се бара одговорност од одредени раководства кои нема да ги исполнат плановите за производство на струја

од Берта Китинска
203 прегледи

Како Влада и Министерство за економија имаме добиено планови за производство. Ќе се бара одговорност од одредени раководства на подружниците на ЕСМ, вклучувајќи ја тука и РЕК Битола, кои нема да ги исполнат плановите за производство до крајот на годината, а секако и за наредната година, рече министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека утрово разговарал со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој му кажал дека се прават напори во функција да се стави дополнителен блок во РЕК Битола.

-Сепак најважно од се е да се зголеми ископот на јаглен за да може да функционира РЕК Битола со моќноста која е потребна во моментов. Во делот на набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола согласно денешните информации од Ковачевски во тек е евалуацијата, веќе е последната фаза и најверојатно до крајот на неделата ЕСМ ќе не информира за набавката на дополнителни количини на јаглен за потребите на РЕК Битола. Повеќе од убеден сум дека сите енергетски компании ќе работат согласно плановите. Во случај да не се исполнат плановите кои се доставени до Владата и од енергетските компании, а посебно од подружниците секако ќе се прземат соодветни мерки и ќе има одговорност од нивна страна, потенцира Бектеши.

Слични содржини