334
Тендерот за градење на првата фаза од скопскиот „Бас рапид транзит“ систем ќе биде распишан до 15 септември, а оној што ќе го добие меѓу другото ќе треба да го сруши и потоа одново да го изгради и прошири мостот „Обединети Нации“, кажа градоначалникот Петре Шилегов.
– Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот за „Обединети Нации“. Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можело коридорот на „Бас рапид транзит“ да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров – изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.