Ќе се гради урбан и зелен комплекс: Што имало на паркинг-просторот кај „Холидеј Ин“ некогаш?

од Берта Китинска
611 прегледи

Најавата за изградба на нова зграда на паркингот во Центар кај  „Холидеј Ин“ покрена лавина реакции на социјалните мрежи.

Гаѓаните со петиција на социјалните мрежи собираат потписи да се спречи изградбата на висококатниците на паркингот пред „Холидеј Ин“. За кратко се собрани над 3.000 потписи од граѓани кои кажаа „не“ на како што велат бетонските чудовишта.

По информациите дека на парцелата кај хотелот „Холидеј ин“, сепак, ќе се реализира изградбата на висококатници, претседателката на владејачката ДОМ и пратеничка Маја Морачанин, во изјава што ја даде на оваа локација, побара сите надлежни институции да го сопрат бетонирањето на, како што рече, последниот слободен простор во срцето на градот Скопје.

„Волјата на граѓаните мора да биде испочитувана! Да не дозволиме профитот на поединци да надвладее над јавниот интерес за квалитетен, здрав и хуман живот на граѓаните“,вели Морачанин.

Инвеститорите на комплексот најави презентација 

На ова место ќе се изгради модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата.

-Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети – разни визуелизации на проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира он-лајн „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“ сакаме да ја информираме јавноста дека работиме на подготовка на презентација на проектот кој во текот на следната недела ќе го претставиме на организиран настан со медиумите.

На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот. Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност, соопштија од МГ Фешн.

Што имало на паркинг-просторот кај „Холидеј ин“ некогаш?

Разорниот земјотрес од 1963 година и пресудил на зградата на УКИМ каде моментално се наоѓа паркингот спроти  хотелот „Холидеј ин“.

Токму таа зграда морала да биде срамнета со земја.

Слични содржини