245
Министерството за локална самоуправа ќе инвестира во изградба на голф-игралишта во земјава, информира министерот Горан Милевски.
Тој објави дека одобрени се 5,7 милиони денари за изградба на голф-вежбалиште во Охрид.
-Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи, појасни Милевски.
Според него, иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид.