Ќе се испрати хуманитарна помош од 3.716 ќебиња во Албанија, одлучи владата

од Aleksandar Todeski
192 прегледи

На предлог на Министерството за одбрана предложи, Владата на денешната седница прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, што се состои од 3.716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди Драч и околината.

Како што соопштија од владата, денеска ја одобриле и постапката за преговори за потпишување Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац“.

На владината седница била усвоена и информацијата за потпишување Договор за грант за набавка на музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера.

Слични содржини