Ќе се истражуваат финансиите на Трамп

од Nikola Popovski
201 прегледи

Врховниот суд на САД денес му отвори пат на обвинителот во Њујорк да добие даночни пријави и други финансиски податоци од поранешниот претседател Доналд Трамп како дел од кривичната истрага, што претставува удар врз барањата на поранешниот претседател да ги сокрие деталите за неговите финансии.

Судиите го отфрлија барањето на Трамп да застане во очекување на одлуката на понискиот суд на 7 октомври со која се наложува долгогодишната фирма за сметковдство на поранешниот републикански претседател, Мазарс САД да се придржува до наредбата за предавање материјал на големата порота, свикана од обвинителот на округот Менхетн, Сајрус Венс, пренесува Ројтерс.

Врховниот суд веќе еднаш донесе одлука во спорот, отфрлајќи го аргументот на Трамп минатиот јули дека тој е имун на кривични истраги како претседател.

За разлика од претходните претседатели на САД, Трамп одби да ги објави своите даночни пријави за време на неговиот четиригодишен мандат, според Ројтерс.

Врховниот суд, исто така, се согласи денес да ја испита законитоста на едно од строгите правила за имиграција донесено од поранешниот претседател, што ги спречува имигрантите за кои се смета дека бараат владини бенефиции да добијат легален престој.

Претседателот Џо Бајден, кој го критикуваше имиграцискиот пристап на Трамп, се очекува да го отфрли таканареченото правило „јавна наплата“, пишува Ројтерс.

Слични содржини