294
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ информираше дека во вторник ќе се изврши сечење на две дрва на територијата на општината.
-На ден 03.08.2021 година, по барање на Министерството за правда, екипа на ЈП Паркови и зеленило ќе извршат сечење на 2 дрва на ул.Св. Кирил и Методиј бр 54 вл.1. Дрвата предмет на сечење се навалени и при посилен ветер имаат можност да паднат“, објави Богдановиќ.