521
Од компанијата ТАВ Македонија информираат дека пистата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде подложена на рехабилитација во времетраење од 50 дена, од крајот на март до средината на мај следната година, но тоа нема да значи и затворање на скопскиот аеродром.
Во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година, на пистата ќе се работи секојдневно од 9 до 17.30 часот, а авионскиот сообраќај со слетувања и полетувања кон сите дестинации од редот на летање ќе се одвива од 17.30 до 9 часот наутро.
Од ТАВ Македонија информираат дека ова ќе подразбира измени во редот на летање кон некои дестинации, за што се очекуваат подетални информации наскоро од самите авиокомпании.