Ќе се менува Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора

од Nikola Popovski
375 прегледи

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави дека Владата денеска го одобрила предлогот за изменување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед.

„Утре, министерот за правда и човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ, ќе има прес и ќе ги даде сите потребни објаснувања. Во тој процес, се консултиравме со сите традиционални верски заедници во Црна Гора и дојдовме до прифатливо решение за сите заинтересирани страни“, изјавил Кривокапиќ на прес-конференција.

Кривокапиќ истакнал дека предложените измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед се привремено решение и дека ќе работи на нов закон.

Владата го доставува предлог-законот до Собранието за усвојување.

Слични содржини