„Ќе се молам за вас со сето срце“: Пендаровски го замоли папата да навива и да се помоли за Македонија (ВИДЕО)

од Берта Китинска
393 прегледи

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, денеска прв го доби дресот со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапи на Евро 2021 и тоа со неговото презиме испишано на кирилица.

Подарокот му го предаде претседателот Стево Пендаровски, барејќи од светиот отец со неговите молитви да им помогне на македонските фудбалери да станат – европски шампиони.

Од снимката од аудиенцијата се слуша дека само што му кажа Пендаровски дека неговата светост е напишана на кирилица, тој своето име на дресот течно си го прочита на глас.

„Да навивате за нас, да се помолите за нас барем да станеме европски шампиони“, кажа Пендаровски

„Ќе се молам за вас со сето срце“, му рече Папата Фрањо.

 

Слични содржини