Ќе се намали цената на водата во Скопје, но сметките ќе останат непроменети

од desk2
72 прегледи

Градот Скопје, советите на општините, и Владата до 1 јануари 2018 година треба да ги утврдат новите цени на водата врз основа на тарифите што ги определи Регулаторната комисија за енергетика за 37 претпријатија даватели на водни услуги.


Според изготвените решенија во дел се предлага намалување, а во дел зголемување на постоечките цени, додека во одредени општини, како градот Скопје, на пример, жителите ќе плаќаат и дополнителна услуга за прочистување на отпадните води.

Цената на водата во Скопје, според решението на Регулаторната комисија за енергетика, што, заедно со другите решенија, денеска на прес конференција ги образложи претседателот на РКЕ, Димитар Петров, треба да се движи помеѓу 30,54 и 34,80 денари. Просечаната тарифа за градот Скопје изнесува 32,68 денари за метар кубен потрошена вода. Сегашната просечна цена изнесува 31,39 денари. На ова се додава и новата давачка што скопјани ќе ја плаќаат од наредната година за прочистување на отпадни води што според предлогот на РКЕ изнесува 2,04 денари по метар кубен.

Како што посочи Петров, ЈП „Водовод и канализација“ побарало намалување на цената за 1,82 проценти, а Регулаторната комисија со решението утврдило намалување на цената за 2,68 проценти согласно минималната тарифа.

– Цената на водата во Скопје во 2018 година ќе се намали се додека не се воведе тарифата за прочистување на водата, истакна Петров.

Од 37-те претпријатија даватели на водни услуги согласно решенијата намалени тарифи има во Скопје, Илинден, Берово, Виница, Кочани, Босилово, Гевгелија, Водостопанство Струмица и Струмичко поле, Липково, Нискоградба Битола, Долнени, Кавадарци, Свети Николе, Студенчица Кичево, Нискоградба Охрид, Врапчиште, Гостивар, и Тетово. Повисоки тарифи има во Пробиштип, Струмица, Радовиш, Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Велес, Неготино Проаква Струга, Комуналец Кичево, Проаква Охрид, Брвеница и Желино.

Најголемо зголемување од 499,94 проценти побарало ЈПХС Злетово Пробиштип, но според решението на РКЕ минималнта просечна одобрена тарифа се зголемува за 4,75 проценти во однос на постојанта тарифа. Ваквото зголемување, како што рече Петров, ова претпријатие го побарало поради висок капитал и кредити.