Ќе се обезбеди системско решение за медицинските лица кои имаат висока школа или специјализација

од Берта Китинска
282 прегледи

Сигурно ќе обезбедиме финансии за медицинските сестри, техничари и лаборанти кои имаат висока школа или специјализација, а на кои таа школа не им е признаена во плaтата, но мора детално да ги разгледаме условите за да обезбедиме системско решение, порача министерот за здравство Венко Филипче.

– Пративме писмо со кое очекуваме до крајот на неделава или евентуално на почетокот на следната да видиме колку е вкупната бројка на медицински сестри, техничари и лаборанти кои имаат висока школа или специјализација, а на кои таа школа не им е признаена во плaтата. Врз основа на таа бројка да се направи финансиска анализа, но во исто време и анализа на систематизациите во јавните здравствени установи и врз основа на тоа да изготвиме соодветно и долгорочно решение. Јасно укажавме дека финансиите сигурно ќе ги обезбедиме, рече Филипче.

Слични содржини