Ќе се организира испрашување во училница: До 20 ноември учениците ќе ги добијат првите оцени

од Берта Китинска
318 прегледи

Учениците до 20 ноември ќе ги добијат првите оцени во училиште.

Од наставниците се очекува да прават и табели поврзани со активностите на учениците.

Од Бирото за развој и МОН испратија препораки до училиштата на кој начин да го проверат знаењето на учениците.  Доколку наставниците не можат да го проверат знаењето  преку онлајн платформата  ќе организираат испрашување во училница. Наставникот треба да направи распоред на средби во групи до 10 ученици и да ги најави три дена претходно.

Онлајн наставата успешно без поголеми потешкотии ја следат околу 88% од учениците, и оваа бројка од почетокот на учебната година, до сега е зголемена за 18%.Во моментот во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство, под строго утврдени протоколи и алгоритми.

За останатиот дел ученици коишто немаат уреди предвидени се неколку опции за учење на далечина.

Секојдневно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но исто така наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.

Слични содржини