Ќе се отворат нови работни места: Економски советници ќе привлекуваат странски инвестиции

од Берта Китинска
491 прегледи

Економски советници од земјава ќе се упатуваат во земјите каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка.

Новите  советници ќе работат исклучиво на подобрување на трговијата, извозот и промоција на државата за привлекување на туристи и тие ќе бидат новиот персонал во дипломатските претставништва на Македонија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека економски профилирани кадри – економски советници, ќе се упатуваат во оние земји каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка: земји со најголем потенцијал за инвестирање, земји што географски се блиски или имаат изразен економско-географски интерес, земји со потенцијални туристи итн.

„Задачата на економските советници ќе биде да ја направат Република Северна Македонија привлечна дестинација за странски инвестиции, промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација и воопшто промоција на земј ата, како економски и политички бренд, кој претставува дел од современото општество“, нагласи Османиистакнувајќи дека интенцијата на новата Влада е овој мандат да биде посветен на економијата и на економскиот раст.

И премиерот Зоран Заев верува во успехот на економските советници и отварање на нови пазари за пласман на македонските фирми. Тој верува дека преку економските промотори ќе се отворат нови работни места, и ќе се зголеми извозот на домашни производи.

Слични содржини