Откако денес Апелација го укина куќниот притвор на екс-министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, ќе се бара одлука за нов притвор. Според последните информации обвинителката Вилма Рускоска и Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе побараат притвор за Јанакиески за случајот ,,27 Април”, објавија дел од медиумите.
Инаку, Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиевски, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.
Ова значи дека Јанакиески од денеска се брани од слобода во судските процеси во кои е обвинет. Првпат му беше одреден притвор на 14 ноември 2018 година.
Миле Јанакиески е првостепено осуден во предметите „27 април“ (на 6 години и 3 месеци затвор) и „Насилство во Центар“ (условна казна).