Производителите и откупувачите на тутун на денешната средба се договорија.
Компаниите ќе ја забрзаат динамиката на откуп, ќе ги преземат и вишоците, а пунктовите ќе бидат отворени додека откупниот процес не заврши во целост. Ако има потреба, тутун ќе може да се носи на вагите и во саботите. Ќе се интервенира и законски, за евентуално пролонгирање на рокот за откуп и по февруари.
Како што беше речено по средбата, досега се откупени 40 отсто од реколтата. Квалитетот е полош од лани, затоа и цената е пониска.
– Решение има ако фирмите ја забрзаат динамиката и го откупот вишокот на тутунот како што беше догорено денеска. Се согласија пунктовите да работат до законскиот рок, но и потоа, ако има потреба. Динамиката на откуп ќе биде зоглемена. Сите компании кажаа дека вагите ќе бидат отворени до преземање на сите количини, рече претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски.