Ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

од Nikola Popovski
484 прегледи

Министерството за економија и сите институции вклучени во енергетскиот дел имаат разни средби и споделуваат информации околу состојбата со енергетскиот сектор во Македонија. Во саботата и предложив на владата, каде и се усвои новата уредба, која е во согласност со новиот закон за енергетика, каде ќе се спроведат разните мерки, информира министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“.

Тој најави дека ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, со единствена цела да може да се вбризгуваат буџетски средства во ЕСМ и МЕПСО, за да се зголеми нивната ликвидност и за да може да се интервенира во увозот на струја.

Слични содржини