Ќе се распределат 19.800.000 денари од Буџетот за 2021 година на 33 здруженија на граѓани

од Vladimir Zorba
304 прегледи

На денешната седница е донесена и Одлуката за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

Со оваа одлука се врши распределба на 19.800.000 денари од планираните средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во 7 приоритети, и тоа:

Приоритет 1: Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, со вкупно доделени 6.600.000 денари;

Приоритет 2: Справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари;

Приоритет 3: Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со вкупно 1.800.000 денари;

Приоритет 4: Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари;

Приоритет 5: Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот со вкупно доделени 2.400.000 денари;

Приоритет 6: Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која
обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти со 600.000 денари; и

Приоритет 7: Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија со 600.000 денари.

Слични содржини