Олег Морозов, долгогодишен пратеник и член на партијата Единствена Русија, денеска предложи киднапирање на еден од министрите за одбрана на НАТО кога тој ќе дојде во Украина, а потоа негово депортирање во Москва, каде што ќе биде испрашуван за наредбите кои Западот му ги дава на Киев.
Морозов, кој стана пратеник прв пат од 1993 година, рече дека снабдувањето на Украина со оружје од Западот претставува директна закана за Русија, поради што Москва можеби ќе треба да ги преиспита своите воени цели.
„Знаете, можеби е фантастичен заговор кој го подготвувам… дека во блиска иднина, во одреден момент, министерот за одбрана на една земја од НАТО ќе дојде во Киев да разговара со Зеленски. Само, знаете, нема да стигнете таму. Ќе се разбуди некаде во Москва“, изјави Морозов за Русија-1.
Водителката Олга Скабеева го праша пратеникот: „Дали мислите да го киднапираме?“.
„Да. И тогаш би можеле да дознаеме кој какви наредби дава и кој е одговорен за конкретни работи. Тоа не е толку незамислива слика. Во овој момент има други правила во светот. Ајде да ги оставиме сите оние министри за војна кои се собираат во Киев да размислуваат за тоа како би им било ако се разбудат во Москва“, додаде Морозов.
Од почетокот на воените конфликти, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој беше придружуван од државниот секретар Ентони Блинкен, го посети Киев во април.
What sort of things do you daydream about? Russian State Duma deputy Oleg Morozov fantasizes about kidnapping foreign government officials when they're heading to Kyiv to meet up with Volodymyr Zelensky. Morozov thinks it's not far-fetched and might start happening very soon. pic.twitter.com/pU1wOi7unm
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 31, 2022