95
Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја денеска ќе засадат 13 дрва, по повод 13 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како симболично одбележување на одличните добрососедски односи, традиционалното пријателство и тесната врска меѓу граѓаните на двете држави.
Настанот се организира по иницијатива на Амбасадата на Република Косово, велат од МНР.