Ќе успее ли Мадрид да ја нормализира ситуацијата во Каталонија?

од desk2
80 прегледи

Шпанската влада зацрта низа мерки кои треба да доведат до нормализирање на ситуацијата во Каталонија. На своето вонредна седница што се одржа на 21 октомври, владата во Мадрид усвои серија мерки чија цел е “обновата на законитоста и уставниот поредок” во Каталонија. Овој ред, според Владата, бил нарушен како резултат на обидите на каталонската администрација да прогласи независност на регионот, кој во моментов има автономен статус. Мерките се запишани во рамките на член 155 од Уставот, кој предвидува во случај на потреба воведување на директно управување на автономијата од Мадрид. Овие мерки ќе стапат во сила, откако ќе бидат одобрени од Сенатот, горниот дом на парламентот на 27 октомври.


Сепак набљудувачите веќе се обидуваат да ја проценат владината иницијатива од гледна точка на ефикасноста за надминување на каталонската криза. Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави по владината седница дека употребата на член 155 е “присилна и вонредна” мерка. Станува збор за потребата да се надмине сегашната “неприфатлива ситуација”. Таа се карактеризира со “непочитување на шпанските закони од страна на каталонската администрација”, што нанесува силен удар како врз интересите на Каталонија, така и на Шпанија како целина. Затоа целта на Владата е да го поддржи “законитоста, социјалниот мир, обезбедување на економскиот раст, правата и слободите на граѓаните”.

Одлуката на шпанската влада коментираше професорот по политички науки во Мадридскиот универзитет Алехандро Пералес Гарсија. Тој потсети дека во Каталонија на 1 октомври, и покрај забраната на Уставниот суд, беше одржан референдум за независност. Потоа локалната администрација, повикувајќи се на резултатите од референдумот, кој беше “бојкотиран од мнозинството од населението и се одржуваше во прекршување на општоприфатените норми за гласање”, најави создавање на суверена каталонска република. Сето ова “противречи на шпанската устав, кој не дозволува поделба на земјата”, додаде експертот. Контрола од центарот според “Член 155 предвидува оставката на шефот на регионалната администрација и на регионалните министри кои во Каталонија се нарекуваат советници “, додава Пералес Гарсија.

Затоа шефот на Каталонија Карлес Пучдемон и неговите 13 советници ќе се лишат од своите позиции. Привремено автономијата ќе биде предводена од висок службеник од Мадрид. За оваа позиција се споменува името на Роберто Бермудес де Кастро, државен секретар / заменик-министер / за прашањата на територијалната администрација на Шпанија. Професорот посочи дека привремениот шеф на автономијата и назначените за советници од редовите на мадридските чиновници ќе обезбеди нормално функционирање на локалната администрација до предвремените избори за нов парламент и соодветно составувањето на нова регионална влада. Во исто време, овластувањата на сегашниот парламент ќе бидат ограничени. Поконкретно тој нема да може да ја контролира работата на привремената администрација.

Изборите мора да се одржат во рок од 6 месеци. Се ќе зависи од тоа колку брзо ќе биде нормализирана ситуацијата во регионот. Ако нема посебни проблеми, тогаш тие можат да се одржат уште на крајот на јануари 2018 година, истакна експертот, нагласувајќи дека преземените мерки ќе се покажат целосно ефикасни и доволни за надминување на оваа криза “.

Сличен став има и каталонскиот социолог Жорди Ривол. Тој изјави дека анкетата спроведена минатата недела од водечкиот социолошки институт во областа, покажува дека две третини од населението сака предвремени избори, што е можно побрзо, за да се надмине сегашната ситуација. За избори се речиси половина од граѓаните кои до неодамна не сакаа прогласување на независност, нагласува социологот. Во случај дека биде прогласена независност што ќе се случи ако Пучдемон исполни својата закана содржана во неговата порака од 19 октомври до шпанскиот премиер, и како одговор на член 155 прогласи независност на Каталонија? Социологот Жорди Рипол сметадека може да ја комплицира ситуацијата, особено ако каталонската администрација биде поддржана од националистички настроеното население. Радикалите веќе ветија дека ќе почнат немири, вклучувајќи блокади на патишта и владини згради. Политичкиот аналитичар Пералалес Гарсија иа друго мислење. Тој смета дека “татковците” на каталонската независност можат да го усложнат само својот живот, бидејќи независноста се гледа од Кривичниот законик како кревање на востание. Ова е особено сериозно криминално дело, кое се казнува со 30 години затвор. Денешната администрација на Каталонија го знае тоа. Веројатно поради оваа причина објавената на 10 октомври независност беше веднаш замрзната за неодредено време, смета Пералес Гарсија.

Според него, повеќето Каталонци се разочарани од независноста и нивната иднина. Индустријалци, банкари, средни, па дури и мали претприемачи бегаат од Каталонија. Се проценува дека од почетокот на октомври, околу 1.200 каталонски претпријатија се преселиле во други шпански региони. Толку големи протести не се очекуваат, сумира политичкиот научник.