Драган Којиќ Кеба прозборе за одземањето на старателството над синот на неговата снаа Северина Којиќ. Пејачот истакна дека се наедева дека детето ќе биде повторно со мајката.
– Не сум видовид! Боже здравје, ќе се реши на најдобар можен начин. Оптимист сум и се надевам дека сето тоа – рекол Кеба и додал:
– Нема да се мешам во работата на никој суд… Се ќе биде во ред. Јас реков дека таа пресуда не е убава, дека детето седум години беше со мајката… По мое мислење не е праведно тоа што го направија, но мислам дека ќе се реши – рекол пејачот, а потоа во една изјава ги трогна сите.
– На него гледам како да сум му вистински дедо. Тоа е дете кое не можеш да не го сакаш – рекол Кеба, а потоа се осврна на нападите кои ги доби кога и испрати јавна поддршка на Северина.
– Што има лошо во тоа? Јас сум добар човек бидејќи душата ми е слободна, затоа што секогаш го кажувам тоа што го мислам, тоа што го сакам, важно е човек да го каже она што сака да го кажа. Тоа се вика слоода. Тоа е мојата среќа и богатство, душата ми е слободна – порачал Кеба.