Минатата сезона Ерлинг Халанд експлодираше веднаш штом пристигна во Премиер лигата и го облече дресот на Манчестер Сити, а оваа година истото го направи и Хари Кејн штом дојде во Бундеслигата и ја „позајми“ опремата на Баерн.
Поранешниот голгетер на Тотенхем одлично се вклопи во германскиот фудбал, иако Баварците оваа сезона не играат ни приближно убедливо како во претходните години.
Хари Кејн е најдобар стрелец во сите пет најсилни лиги во Европа (Англија, Германија, Шпанија, Италија, Франција) со 30 постигнати голови на 25 натпревари во Бундеслигата.
Интересно е што Кејн минатата сезона постигна толку голови во Премиер лигата и беше втор стрелец зад Ерлинг Халанд (36).
Еве преглед на најдобрите стрелци во Топ 5 лиги на Европа:
Сезона 2023/24
Бундеслига
30 – Х. Кејн (Баерн)
21 – С. Гираси (Штутгарт)
17 – Л. Опенда (РБ Лајпциг)
14 – Е. Демировиќ (Аугсбург)
14 – Д. Ундав (Штутгарт)
Премиер лига
18 – Е. Холанд (Манчестер Сити)
16 – О. Воткинс (Астон Вила)
15 – М. Салах (Ливерпул)
15 – Д. Соланке (Борнмаут)
14 – Џ. Бовен (Вест Хем)
14 – Сон Хеунг-Мин (Тотенхем)
Примера
16 – Џ. Белингем (Реал Мадрид)
15 – Б. Мајорал (Хетафе)
14 – А. Будимир (Осасуна)
14 – А. Довбик (Жирона)
14 – А. Мората (Атлетико Мадрид)
Серија А
23 – Л. Мартинез (Интер)
15 – Д. Влаховиќ (Јувентус)
12 – П. Дибала (Рома)
12 – О. Жиру (Милан)
11 – В. Осимен (Наполи)
Лига 1
21 – К. Мбапе (Пари Сен Жермен)
14 – Џ. Дејвид (Лил)
12 – А. Лаказет (Олимпик Лион)
11 – П. Обамејанг (Олимпик Марсеј)
11 – В. Бен Једер (Монако)