Кејн најефикасен Европеец – ги престигна Милер, Мбапе…

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Со гол од пенал во полуфиналето на ЕУРО 2024 против Холандија, капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн стана најефикасниот Европеец кога се во прашање елиминациските игри на големите натпреварувања.

Ова е деветти гол за Англија на голгетерот на Баерн во елиминациски натпревари на светските и европските првенства. На овој начин тој излезе на врвот и зад себе ги остави легендите на германскиот фудбал Герд Милер и Мирослав Клосе, како и Французите Антоан Гризман и Килијан Мбапе, кои постигнаа по осум гола.

Сепак, за разлика од овие четворица, Кејн се уште нема голема титула со националниот тим. Шанса за тоа ќе има вo недела во финалето на ЕУРО против Шпанија.

Слични содржини