Кејн не се појави на тренингот на Тотенхем, Сити го чека со отворени раце

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Англискиот напаѓач Хари Кејн е блиску до заминување од Тотенхем и најверојатно ќе се пресели во Манчестер Сити.

Според некои англиски медиуми, Кејн требаше да се појави на тренингот на тимот од Лондон во понеделникот, но само за да се збогува со играчите и стручниот штаб.

Меѓутоа, ниту тоа не се случи, па веќе е сигурно е дека ќе го напушти Тотенхем.

Луѓето од клубот, како и новиот тренер, Нуно Еспирито Санто, ги демантираат медиумите и велат дека Кејн ќе го предводи нападот следната сезона, во уште еден обид да дојде до трофеј по 2008 година. Тогаш го освоија Лига купот на Англија.

Сепак, заминувањето изгледа се поизвесно. Најголем интерес за Англичанецот покажа Манчестер Сити, кој според некои информации е подготвен да плати 150 милиони фунти за него.

По заминувањето на Серхио Агуеро во Барселона, Сити сака нов напаѓач, првиот избор секако е Кејн, а освен него, на таа позиција досега не се споменуваат други имиња.

Покрај Кејн, „граѓаните“ го сакаат Џек Грилиш во своите редови, за кого исто така планираат да издвојат голема сума пари (се споменува дека ќе биде околу 100 милиони фунти), а самиот Кејн се надева дека ќе стане клупски соиграч со репрезентативецот.

Слични содржини