Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн рече дека пеналите се најлош начин да се загуби финалето на Европското првенство, но истакна дека неговиот тим треба да биде горд на сè што направи.
„Момците не можеа да дадат повеќе. Пеналите се најлошата работа на светот кога ќе изгубите. Ова беше фантастичен турнир и треба да ја држиме главата високо, треба да бидеме горди, иако сега боли“, изјави Кејн за британските медиуми.
„Ќе боли некое време, но ние сме на добар пат и градиме тим“, додаде Кејн.
Англиската фудбалска репрезентација синоќа не успеа да ја освои првата голема титула по 55 години, бидејќи на пенали загуби од Италија во финалето на Европското првенство на Вембли.
„Игравме против одличен тим и имавме совршен почеток на натпреварот … Момците направија се што можеа, но едноставно не беше наша вечер“, рече Кејн.
Тој посочи дека секој може да промаши пенал.
„Победуваме заедно, губиме заедно и ќе растеме од тоа. Ова ќе ни даде уште поголема мотивација за Светското првенство следната година“, заклучи Кејн.