Хари Кејн ја продолжи својата брилијантна форма во сезоната откако беше во срцето на победата на Баерн Минхен над Лацио од 3:0 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој постигна два гола на натпреварот и неговиот тим се пласираше во следната фаза. Според напаѓачот, ова е важна победа која може да ја сврти сезоната за Баварците, кои се обврзани да се борат за секој трофеј.
„Одигравме голем натпревар, особено по поразот на првиот натпревар. Моравме да напредуваме во следната фаза. Игравме добро и дефинитивно беше врвна претстава од сите. За првиот гол беше важно да се биде на вистинското место во шеснаесетникот и во вториот бев добро поставен и успеав да постигнам гол со левата нога.Сите имаме голема одговорност како играчи на Баерн и мораме да се бориме за секој трофеј.Оваа победа може да ни ја промени сезоната.Ако играме вака на секој натпревар Ќе имаме уште многу победи“, изјави Кејн.
„Среќен сум со двата гола вечерва. Како напаѓач, сите ме ценат за головите и асистенциите, особено на големите натпревари и елиминациските натпревари како денешниот. Тоа што можам да му помогнам на тимот ми дава дополнителна самодоверба. Ќе се обидам да продолжам да го направам тоа што го правев досега. Во однос на головите, сезоната беше добра за мене, но не и за тимот. Знаеме дека можеме повеќе“, додаде Англичанецот.