Кејн: Среќен сум во Баерн, но еден ден може да се вратам во Англија

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Напаѓачот на Баерн (Минхен), Хари Кејн призна дека се чувствува добро во својот сегашен клуб и веќе се прилагодил на тамошната средина и покрај првичните тешкотии што ги имал.

„Навистина се чувствувам добро во Баерн. Го учам јазикот и имам две лекции неделно. Клубот ми обезбеди добар учител. Германскиот јазик ми е доста тежок, но да се надеваме дека ќе останам овде долго време и на крај ќе успеам да го зборувам, изјави Кејн за The Sun.

Потоа беше запрашан дали има шанси еден ден да се врати во Премиер лигата и да се обиде да го собори рекордот на Алан Ширер за најмногу голови.

„Можеби еден ден. Ќе биде тешка одлука. Поминав 19 години од мојот живот во Тотенхем, па сите знаат колку сум приврзан за клубот на моето срце. Но, во исто време, јас сум професионалец и секогаш сум си поставувал високи цели затоа и во еден момент решив дека е време да си одам. Сакав да играм на највисоко ниво, да бидам во Лигата на шампионите, да освојувам титули секоја година. Во тој момент добив повик од Баерн и тоа беше решението што го барав. Луѓето ќе продолжат да зборуваат за рекордот на Ширер, но имам уште многу фудбал пред мене. Засега сакам да постигнувам други цели, давам се за мојот тим и се трудам постојано да напредувам. Само за тоа размислувам во моментов“, додаде 31-годишниот напаѓач.

Слични содржини