Кејн триумфираше со „Златната копачка“ за сезоната 2023/24

од Vladimir Zorba
698 прегледи

Напаѓачот на германскиот колос Баерн Минхен, Хари Кејн официјално ја освои „Златната копачка“, награда која секоја година му се доделува на најдобриот стрелец меѓу лигите кои се под капата на УЕФА.

Во сезоната 2023/24, англискиот репрезентативец постигна 36 гола на 32 натпревари во германската Бундес лига. Кејн минатото лето дојде во Баерн од Тотенхем. Втората позиција е за напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси (28 гола на 28 натпревари во Бундеслигата). Трет е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој постигна 27 гола на 29 натпревари во француската Лига 1.

„Златната копачка“ се доделува од 1968 година. Рекордер по бројот на награди е напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој 6 пати ја освојуваше наградата.

Слични содржини